Нашата идеја за Балканот

Балканот е еден од најмалку познатите Европски региони, чиј процес на интеграција во Европската Унија сеуште се одлага и навидум е бесконечен. Балканот со векови е раскрсница на луѓе, култури и религии; но сепак е дом на уникатни гастрономски традиции. Овие традиции може да послужат како економска, социјална и културна движечка сила за голем број на рурални заедници осиромашени од децениското напуштање, миграција и оскудни изгледи за развој.

Но сепак на овие неверојатно автентични традиции им се заканува опасност од исчезнување; се задушуваат од смртоносното прифаќање на глобализацијата според која традиционалното знаење се смета за застарено наследство од минатото. Всушност нивното зачувување значително би придонело во процесот на интеграција, вклучувајќи ја и културната интеграција на Балканот кон ЕУ.

Препознавајќи го фактот дека националните граници не може да ја разделат храната на Балканот, во 2010 отпочна форумот Тера Мадре; креирајќи заедничка платформа за истражување, разбирање и пред се за зачувување и одржување на наследството на храна во регионот. Тера Мадре мрежата ја промовира не толку познатата храна од регионот, ја заштитува онаа храна на која му се заканува опасност од исчезнување и ги едуцира консументите како да ги разберат и пронајдат локалните традиции, да ги разберат и ценат локалните занаетчиски производи како и заедниците кои ги произведуваат.

Проектот ЕССЕДРА (Еколошки Одржлив и Социо–Економски Развој на Руралните Средини) е резултат на ширењето и зајакнувањето на Тера Мадре мрежата на Балканот. Овој проект започна во 2012 година со кофинансирање од страна на Европската Унија преку Генералниот директорат (ГД) за проширување. Целта на овој проект е да се поддржи процесот на интеграција на земјите од Балканот и Турција кон Европа, но во исто време и создавање на услови за овие земји да го зачуваат нивниот идентитет, претставен преку нивниот неверојатен диверзитет на храна и занаетчиски производи.

News & Events

Богатиот биодиверзитет на балканската храна на подиум за време на Тера Мадре Салоне дел Густо 2016

Во периодот од 22 до 26 септември 2016 година во Торино, Италија, ќе се одржи 11-то издание на Тера Мадре Салоне дел Густо, најважниот меѓународен настан посветен на културата на храна, во организација на Слоу Фуд (Slow Food), регијата Пиемонт и градот Торино. На настанот ќе учествуваат пет илјади делегати од 160 земји, над 800 изложувачи, 300 президиуми на Слоу Фуд и 500 заедници за храна на Тера Мадре. На … Повеќе

Тера Мадре Балкан 2016, Тирана

Отварањето на четвртото издание на Тера Мадре Балкан, од 2-5 јуни во Тирана, Албанија, ќе започне со церемонија во присуство на Едмонд Панарити, Министер за земјоделство, рурален развој и водостопанство; Милва Економи, Министер за економски развој, туризам, трговија и претприемништво; Мирела Кумбаро, Министер за култура; Ерион Велиај, градоначалник на Тирана; Алберто Кутилјо, италијански амбасадор и Карло Петрини, претседател на Слоу Фуд. Четвртото издание на Тера Мадре Балкан е организирано од … Повеќе

Tера Mадре Балкан 2016 – „На прво место фармерите“

Делегати од 13 земји ќе земат учество на четвртото издание на Тера Мадре Балкан кое ќе се одржи од 2-5 јуни во Тирана, Албанија. „На прво место фармерите“ е главна тема на овогодинешното издание на Тера Мадре Балкан 2016. Ќе присуствуваат 350 делегати кои ќе пристигнат од 13 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Република Македонија, Романија, Србија, Турција, Италија и Албанија). Претседателот на Слоу Фуд – … Повеќе