Нашата идеја за Балканот
Балканот е еден од најмалку познатите Европски региони, чиј процес на интеграција во Европската Унија сеуште се одлага и навидум е бесконечен. Балканот со векови е раскрсница на луѓе, култури и религии; но сепак е дом на уникатни гастрономски традиции. Овие традиции може да послужат како економска, социјална и културна движечка сила за голем број на рурални заедници осиромашени од децениското напуштање, миграција и оскудни изгледи за развој.
Но сепак на овие неверојатно автентични традиции им се заканува опасност од исчезнување; се задушуваат од смртоносното прифаќање на глобализацијата според која традиционалното знаење се смета за застарено наследство од минатото. Всушност нивното зачувување значително би придонело во процесот на интеграција, вклучувајќи ја и културната интеграција на Балканот кон ЕУ.
Препознавајќи го фактот дека националните граници не може да ја разделат храната на Балканот, во 2010 отпочна форумот Тера Мадре; креирајќи заедничка платформа за истражување, разбирање и пред се за зачувување и одржување на наследството на храна во регионот. Тера Мадре мрежата ја промовира не толку познатата храна од регионот, ја заштитува онаа храна на која му се заканува опасност од исчезнување и ги едуцира консументите како да ги разберат и пронајдат локалните традиции, да ги разберат и ценат локалните занаетчиски производи како и заедниците кои ги произведуваат.
Проектот ЕССЕДРА (Еколошки Одржлив и Социо–Економски Развој на Руралните Средини) е резултат на ширењето и зајакнувањето на Тера Мадре мрежата на Балканот. Овој проект започна во 2012 година со кофинансирање од страна на Европската Унија преку Генералниот директорат (ГД) за проширување. Целта на овој проект е да се поддржи процесот на интеграција на земјите од Балканот и Турција кон Европа, но во исто време и создавање на услови за овие земји да го зачуваат нивниот идентитет, претставен преку нивниот неверојатен диверзитет на храна и занаетчиски производи.