Тера Мадре Балкан 2016, Тирана

Отварањето на четвртото издание на Тера Мадре Балкан, од 2-5 јуни во Тирана, Албанија, ќе започне со церемонија во присуство на Едмонд Панарити, Министер за земјоделство, рурален развој и водостопанство; Милва Економи, Министер за економски развој, туризам, трговија и претприемништво; Мирела Кумбаро, Министер за култура; Ерион Велиај, градоначалник на Тирана; Алберто Кутилјо, италијански амбасадор и Карло Петрини, претседател на Слоу Фуд.

Четвртото издание на Тера Мадре Балкан е организирано од страна на ВИС Албанија со поддршка на Слоу Фуд, во партнерство со Министерството за земјоделство на Албанија, Министерството за економски развој, туризам, трговија и претприемништво, Општина Тирана и Агенцијата во Италија за меѓународна соработка.

Овој настан на едно место соединува 350 делегати од 12 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Република Македонија, Романија, Србија, Турција, Италија и Албанија).

Како суштински дел од настанот, централниот дел од Плоштадот Мајка Тереза ќе биде домаќин на Пазарот на Фармери, каде 50 штандови на посетителите ќе им дадат можност да откријат голем број на селектирани производи од заедниците на Тера Мадре, Президиумите на Слоу Фуд и „Арка на Вкусови“ (каталог на Слоу Фуд на загрозени производи)

Президиумите на Слоу Фуд и претставниците од повеќе од 50 заедници за храна на Тера Мадре ќе учествуваат на пазарот од различни земји:

  • Од Хрватска: лукот Шарац од Лјубитовица и новиот Президиум Вареник од полуостровот Пељешац кој од секогаш бил центарот на Далматинското лозарство.

Во програмата на Тера Мадре Балкан 2016 се вклучени и дегустации, концерти, работилници и конференции.

Некои од темите за дискусија се:

  • „Борбата против гладот во светот“- Томас Поге, професор на Универзитетот Јале кој е и водечки светски експерт за сиромаштијата и човечките права. Ќе се претстави со неговото размислување за намалувањето на сиромаштијата и улогата на храната.
  • „Пристап до пазари, пристап до можности“ – да се истражат можностите и ограничувањата во пристапот до пазарите за малите производители на Балканот и во ЕУ, како и во земјите кандидати кои се во процесот на усогласување со ЕУ законите.
  • „Фармерите на прво место“, Меѓународна научна конференција – да се изгради една широка мрежа на академици и истражувачки институции за биодиверизтетот на храна и одржувањето на растителните генетски ресурси; финансиски или нефинансиски бариери кои ги спречуваат малите производители на храна во пристапот до пазари.
  • „Одржлив рурален туризам, агротуризам и повеќенаменски пристап во земјоделството“ – да се истакнат некои од најдобрите искуства кои се појавија до сега, како и нови начини за туризмот да претставува поттик за локалниот развој; да се истражи придонесот на традиционалната храна кон социјалната, економската и еколошката одржливост во она што денес е дефинирано како повеќенаменско земјоделство.
  • За целосната програма нанастанот и програмата за конференции: https://www.essedra.com/biodiversity/terra-madre-balkans/

Овој настан е организиран во рамките на проектот на ЕССЕДРА, кофинансиран од Европската Унија со цел подршка на процесите за европска интеграција на земјите од Балканот и Европа преку зајакнување на граѓанското општество и нивните капацитети со цел да влијаат на политиката и промоцијата на одржливите модели за рурален развој.

После три изданија во Софија (2010, 2012) и Дубровник (2014), мрежата на Тера Мадре Балкан ја избра Тирана за ова четврто издание. Тера Мадре Балкан е првата мрежа од овој вид кој ги обединува заедниците за храна од неколку земји во ист регион. Слоу Фуд и Тера Мадре формираа длабоко-вкоренета мрежа во регионот со неколку илјади поддржувачи, 24 Слоу Фуд Президиуми, 100 заедници за храна, 50 готвачи, 15 едукативни програми за нутриција и дегустација во училиштата и околу 280 производи од Балканот кои се наоѓаат на Слоу Фуд листата на каталогот на Арка на Вкусови.

За повеќе информации и интервјуа ве молиме контактирајте ги:

Slow Food International Press Office

Paola Nano, +39 329 8321285, p.nano@slowfood.it, internationalpress@slowfood.it

Slow Food Area Coordinator for the Balkans

Michele Rumiz, +39 0172 419 746, m.rumiz@slowfood.it

Event Coordinator and leader of VIS Albania

PierPaolo Ambrosi, +355 68 205 6693

vis.nordalb@gmail.com, a.pierpaolo@gmail.com, terra.madre.balkans.2016@gmail.com

Media Coordinator for Albania

Mira Tuci, +355 69 4062218, tucimira@gmail.com

 

Слоу Фуд вклучува повеќе од еден милион луѓе кои се посветени и пристрасни за добра, чиста и правична храна. Вклучува готвачи, млади, активисти, земјоделци, рибари, експерти и научници од околу 160 земји; мрежа со околу 100 000 членови кои се поврзани во 1 500 конвивуми, придонесувајќи преку нивното членство како за настани така и за кампањи кои ги организираат; и околу 2 400 Тера Мадре заедници за храна кои го практикуваат малото и одржливо производство на квалитетна храна низ целиот свет.