Добрата исхрана зависи од здравата храна. А за здрава исхрана потребен е баланс помеѓу зеленчукот, житариците и протеините, што значи во основата е биолошката разновидност. Биодиверзитетот е основа за човечкото здравје и е од суштинско значење за безбедноста на храната. До 2050 се очекува светската популација да достигне и до девет милијарди, што значи дека зачувувањето на биодиверзитетот и одржливото искористување на неговите компонети се од клучно значење за нашата благосостојба и желба да се стави крај на гладот и неисхранетоста.

Генетската разновидност на житните култури и добитокот се основа за разновидна и здрава храна, како и извор на системот на исхрана за развиток и адаптација на променливите улови. За разновидна храна е потребно разновиден систем на земјоделско стопанство кое би ја зголемила економската флексибилност и правичност во земјоделсвото.

Независно од составот на храната, биодиверзитетот ги вклучува екосистемите кои обебзедуваат “услуги” кои играат критична улога во поддршката за одржливо и издржливо производство на храна. Здравите почви се состојат од вода и хранливи материи достапни за житните култури, додека пак при опрашувањето со полен, растенијата произведуваат семиња и плодови кои ги користиме како храна. Овие и многу други вакви ”услуги” кои ги нуди екосистемот претставуваат решение за одржливо зголемување на производните системи со што би се обезбедила доволна егзистенција за производителите. Земјоделските системи значително се надоврзуваат и со традиционалните знаења на автохтоните и локални заедници, при што некои од нив се применуваат со децении или векови наназад.

Дрво на Храната

Храната може да ја замислиме како едно големо дрво: корењата се длабоко поврзани за регионот, климата, надморската висина и одредениот број на сончеви денови; стеблото ја симболизира неопходната поддршка за добро производство; и гранките исправени нагоре и накитени со лисја, цветови и плодови.

Сепак, регионот не е само почва, клима и географија; регионот е и култура, знаење и традиционални техники. Тука се и големиот број на дополнителни корени кои одат уште подлабоко и се рашируваат во сите насоки. Храната е рефлектирана и се рефлектира во јазикот, музиката, поезијата и во обичаите на локалните заедници. Корените се длабоки и на нивното патување се среќаваат со корените на другите дрва, и при секоја нивна средба стапуваат во контакт со различни култури, јазик и истории. Овие подземни средби го збогатуваат нашето дрво.

Од корењата се движиме нагоре. Стеблото ја симболизира неопходната поддршка за добро производство: правично за производителите и чисто за животната средина. Потоа тука се гранките на кои има безброј лисја, цветови и плодови кои ги претста- вуваат вкусот, мирисот, видот, допирот, готвењето кое може да биде традиционално или иновативно, и сето она што храната ја прави посакувано искуство. Храната е извор на витамини, минерали, протеини, јаглехидрати и масти. Тоа е физички и духовен баланс.

Сите овие елементи се заедно избалансирани. Секој производ претставува семе, земја, култура, храна, вкус и дел од еколошката и социјална одржливост.

ING_libretto biodiversita.indd