Поимот “биолошка разновидност” за прв пат беше употребен во 1968 година од страна на научникот и заштитникот на дивиот свет Рејмонд Ф. Дасман во неговата книга Различен пристап на државата кон политиката за зачувување. Сепак, поимот беше широко прифатен по повеќе од една декада, а веќе во 1980те почна да се користи во науката и политиките за животна средина. Томас Левој е човекот кој во својот предговор на книгата Биологија на Заштита, овој поим го воведе во научната заедница.

Овој термин оттогаш се употребува помеѓу биолозите, еколозите, политичките лидери и засегнатите граѓани. Конференцијата за животна средина и развој на ОН (Светски самит), кој се одржа во 1992 година, биолошката разновидност ја дефинира како “разновидност помеѓу живите организми од различно потекло, меѓу другото, вклучувајќи копнени, морски и други водни екосистеми и еколошки комплекси на кои му припаѓаат: ова вклучува разновидност во рамки на видовите, помеѓу видовите и разновидност на екосистемите”. Оваа дефиниција беше употребена во Конвенцијата за биолошка разновидност на ОН – меѓународен документ кој ја дефинира политиката за биодиверзитет на глобално ниво.

Целите на оваа конвенција се “зачувување на биолошката разновидност, одржливо користење на нејзините компоненти, фер и еднаква распределба на придобивките добиени со искористувањето на генетските ресурси, вклучувајќи го и соодветниот пристап и соодветниот трансфер на применливите технологии, како и земањето во предвид на сите права врз овие ресурси и технологии преку определена финансиска поддршка”.

Земјоделскиот биодиверзитет е дел од биодиверзитетот и може да се подели во две категории:

  • Интраспецифичен – генетска разновидност во рамки на еден вид.
  • Интерспецифичен – број и тип на различни видови кои се одгледуваат, како компири, моркови, пиперки, марула, и т.н.

Интерспецифичната разновидност на една култура е основа за разновидноста на нашата храна, додека пак интраспецифичната разновидност на еден вид овозможува избор на исхрана која е соодветно адаптирана на локалните климатски услови. Кога една култура ќе премине во монокултура, нашите избори ќе зависат од разновидната земјоделската практика, на која и ќе се надеваме дека ќе обезбеди нешто ново за повторно да се засади; на пример, ако некој штетник уништи една житна култура, во наредните години може да се сее поотпорна сорта на жито. Биодиверзитетот може исто така да служи и како решение за многу катастрофални земјоделски случаи:

  • Кога во 1970те оризовиот штетник (вирус кој го запира развојот) ги нападна оризовите полиња од Индонезија до Индија , 6 273 сорти на ориз беа ставени на тест за нивната резистентност. Само една сорта на ориз од Индија се покажа како резистентна, која што на науката и беше позната само од 1966. Оваа сорта потоа беше хибридизирана со други сорти така што овие хибриди денес се широко распространети.
  • Болеста позната како р’ѓа во 1970 година ги нападна плантажите со кафе во Шри Ланка, Бразил и Централна Америка. Резистентна сорта беше пронајдена во Етиопија.

Примената на монокултури е фактор што придонесе за неколку земјоделски катастрофи, вклучувајќи и колапс на Европската винската индустрија кон крајот на 19-от век и епидемично уништување на пченичните посеви во САД предизвикано од габичното заболување познато како Сива Дамкавост на Пченката (SCLB) во текот на 1970 година. Епидемијата Пламеница на Компирот која ги зафати компирите во Ирска во текот на 1846 година беше причина за смртта на еден милион луѓе и причина за емиграцијата на повеќе од два милиони. Сето тоа беше резултат на одгледувањето само на две сорти на компири кои се покажаа како нерезистентни на причинителот Phytophthora infestance, која на Ирската територија се појави во 1845 година.

Иако околу 80% од човечката исхрана доаѓа од само 20 растителни сорти, луѓето користат најмалку 40 000 видови. Многу луѓе зависат од овие видови кои претставуваат нивни извор на храна, засолниште и облека. Биодиверзитетот кој се бори за својот опстанок на Земјата, обезбедува извори кои придонесуваат за зголемување на изборот на храна и други одржливи производи за човечка употреба, иако зголемувањето на процентот на исчезнување го забавува тој потенцијал.

Затоа, дваесет години подоцна на Самитот за Планетата Земја кој се одржа во Рио, Обединетите Нации го назначија периодот од 2011 – 2020 како Декада на Биодиверзитетот на ОН.