Тера Мадре Балкан е мрежа на сите заедници на храна и проекти на Слоу Фуд на Балканскиот Полуостров. Од 2010 година, Тера Мадре Балкан се бори за да ги зачува гастрономските традиции и биодиверзитетот на храна во еден од Европските најфасцинантни и најмалку познати региони.

Во Балканските земји, Слоу Фуд и Тера Мадре мрежата имаат повеќе од 1 500 членови, 12 Слоу Фуд Президиуми, 60 заедници на храна, 15 едукативни програми за вкус и храна кои се реализираат во училиштата и 26 готвачи. Сите членови на оваа мрежа знаат дека зачувувањето на нивното гастрономско наследство бара брз и заеднички напор што излегува надвор од националните граници.

Членовите на Тера Мадре Мрежата се среќаваат на секои две години, но оваа мрежа енергијата ја црпи од мали настани и иницијативи од целиот регион: размена на знаењата помеѓу Босанските и Македонските производители, работилници за обуки на студенти од различни земји во Романија, кампањи за заштита на пејзажите и правата на малите фармери, како и фестивали кои се организираат по селата за прославување на локалниот агробиодиверзитет и одличната локална кујна. Сето ова е Тера Мадре Балкан.