Президиуми се проекти кои се создадени за да ги зачуваат занаетчиските производи, автохтоните животински раси, растителните сорти, традиционалните земјоделски и риболовни техники, екосистемите и руралните пејзажи на кои им се заканува опасност од исчезнување. Овие проекти ги вклучуваат заедниците на малите локални производители кои имаат желба за соработка и заедно да ги воспостават производните правила и начинот на промоција на нивниот производ. Тие го зачувуваат древното знаење, ги поддржуваат одржливите практики и ги промовираат локалните области. Президиумите се конкретни и достоинствени примери за одржливо земјоделство кое се заснова на квалитет, благосостојба на животните, одржливост и истовремено ја поврзува локалната област со здравјето на консументите и уживањето.

Слоу Фуд им помага на производителите преку организирање на тренинзи за размена на искуства и преку промоција на нивните производи; ги пренесува нивните приказни (приказните на производителите, знаењето, локалната област и методите на производстсво), преку мрежата на асоцијации кои ги поврзува производителите со потрошувачите преку настани, во кои се вклучени и готвачи или организира директни продажби, како на пример преку пазарите на фармери и го потпомага формирањето на потрошувачки групи.

Проектот Президиуми започна во 1999 година. По ставањето во каталог на илјадници производи на кои им се заканува опасност од исчезнување преку Арката на Вкусови, Слоу Фуд одлучи да направи чекор напред и кокнкретно да се вклучи во светот на произвдството; преку запознавање на области, средби со производители и промоција на нивните производи, работа и мудрост. Со текот на годините, Президиум проектите станаа најефективна алатка за ставање во пракса и споделување на одличните примери на Слоу Фуд политиките за земјоделство и биодиверзитет.

Президиумот ги зачувува:

  • традиционалните производи на кои им се заканува опасност од исчезнување (производи од Арката на Вкусови)
  • традиционални земјоделски, риболовни или преработувачки техники на кои им се заканува опасност од исчезнување
  • руралните пејзажи или екосистеми на кои им се заканува опасност од исчезнување

Целите на Президиумите се многубројни, комплексни и се однесуваат на повеќе аспекти, но може да се групираат во четири области:

  • Еколошки: заштита на биодиверзитетот, подобрување на одржливото производстсво на храна
  • Економски: зголемување на бројот на производителите, развивање на локалните активности, зголемување на бројот на вработувања
  • Социјални: подобрување на социјалната улога на производителите, зајакнување на нивните организациони капацитети и самодоверба
  • Културни: зајакнување на културниот идентитет на производителите и промовирање на производните области.