Покрај мапирањето на производите во нивните земји, уште една задача која е значајна за сите партнери во проектот ЕССЕДРА се и заедничките кампањи кои треба да се реализираат во текот на наредните години на територијата на Балканските земји и во Турција. Организирањето на овие кампањи од една страна значи и подигање на свеста, ангажирање на граѓани и влијаење врз нивниот секојдневен избор на храна, а од друга страна значи и убедување на релевантните органи на власта да промовираат одржлив рурален развој во својата земја.

За таа цел, за време на настанот “Вкусете го Балканот ”партнерите на овој проект се сретнаа во Софија за да разменат искуства, знаења и да се пренесат резултати од досегашните активности во секоја од земјите. На овој состанок се споделија и различните активности кои ги имаат спроведено ЕССЕДРА партнерите, како и предизвиците со кои се соочуваа со цел да изградат критична маса за постигнување на заедничката цел – одржливоста. Во текот на изминатите неколку денови во Софија, партнерите имаа можност да дискутираат и да станат свесни за нивната моќ со која значително би влијаеле врз главните политички и социјални предизвици со кои мора да се соочат во текот на наредните години.

Во различни земји поголем број на капмањи се веќе реализирани. Подолу е листата на истите.

• Албанија: Локален развој, туристички капацитети и производство на храна Albania
• Босна: Соработка помеѓу фармерите
• Бугарија: Краток синџир за снабдување со храна во Бугарија?
• Македонија: Биодиверзитет на млеко
• Романија: Креирање на агроеколошки мерки и тренинзи за фармери, за да имаат придобивки од нив
• Србија: Поддршка на локалните сточари
• Турција: Да не дозволиме да исчезне сината риба – луфер!