ЕССЕДРА се залага за Еколошко Одржлив Социо-Економски Развој на Руралните Средини.

Проектот ЕССЕДРА – кофинансиран од Европската Унија преку ГД за проширување – е координиран од Слоу Фуд, со цел да го олесни процесот на интеграција на земјите од Балканот и Турција во Европа.

Слоу Фуд планира да го направи тоа преку зајакнување и подигнување на гласот на граѓанските организации (ГО) кои локално ниво дејствуваат во полето на земјоделството, руралниот развој и квалитетот на храната. Нормално, ова ќе придонесе за соочување со слични проблеми како што се заштитата на животната средина и пејзажите, зачувувањето на биодиверзитетот, борбата против климатските промени и најважно благосостојба на локалните заедници.

Целите на проектот ќе се постигнат како резултат на работата на три различни но взаемно поврзани нивоа:

  • Активности за поддршка на улогата на малите фармери во заштитата на биодиверзитетот; зајакнување на капацитетите на ГО за правење на анализи, стратешка поддршката и мониторингот на релевантни политики поврзани со прехранбениот систем и руралниот развој; зголемување на учеството на ГО во јавните дебати за одржлив руален развој на Балканот и Турција, како и поголемо влијание врз политиките и процесите на одлучување.
  • Поддршка на малите производители, промоција на конкретни модели за зачувување на биодиверзитетот и теренско истражување на земјоделските производи на кои им се заканува опасност од исчезнување.
  • Постојана комуникација со пошироката јавност, што подразбира организирање на работилници и едукативни активности; кампањи за одговорна потрошувачка и отпочнување на “Иницијатива на Европските Граѓани” за промоција на потрошувачката на локална храна, подигнување на свеста на граѓаните од Балканот и Турција за тоа колку јавните политики влијаат на нивното секојдневие и информирање на заедниците како може ефективно да влијаат врз креирањето на политиките и процесите на имплементација.

Проектот ЕССЕДРА е предводен од страна на Слоу Фуд која соработува со девет Граѓански Организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Македонија, Романија, Србија, Турција и Велика Британија. Локалните организации од овие земји го користат своето искуство за организција на јавни кампањи и организираат свои локални настани.