Слоу Фуд

Piazza XX Settembre, 5, 12042, Bra (CN) – Italy
Тел.: +39 0172 419 611
Факс: +39 0172 419 755
Веб страница: www.slowfood.com
Електронска пошта: international@slowfood.com

Слоу Фуд, со седиште во Италијам, е лидер партнер на проектот ЕССЕДРА. Слоу Фуд е глобална организација со милиони поддржувачи и 100 000 членови во 160 земји ширум светот, кои задоволството од добрата храна го поврзуваат со обврската кон својата заедница и животната средина. Слоу Фуд верува дека секој има основно право да ужива во добрата храна и доследно да преземе одговорност во зачувувањето на биодиверзитетот, културата и знаењето кои ова уживање го прават возможно. Како непрофитна организација поддржана од своите членови, Слоу Фуд е формирана во 1989 како движење кое се спротивставува на брзата храна, брзиот начин на живот и исчезнувањето на локалната традиционална храна и намалувањето на интересот на луѓето за храната што ја јадат – од каде доаѓа, каков вкус има и како нашите избори на храна влијаат врз остатокот од светот.


Европски Форум за Конзервација на Природата и Пасторализам

Регистрирана канцеларија: 97 Oakwell Court, Hamsterley Vale, Co. Durham NE17 7BE, UK
Работна адреса: 5/8 Ellishadder, Culnancoc, Portree IV51 9JE, UK
Тел.: +44 788 411 6048
Веб страница: www.efncp.org
Електронска пошта: gwyn@efncp.org

ЕФНЦП е единствена Европска организација чиј фокус е поддршката на сточарството со низок интензитет. Овој вид на сточарство е раширен во многу Европски земји и тоа во области со ниско продуктивна земја, при што типично е искористувањето на полуприродните пасишта и ливади. Овој вид на сточарство е значајно во зачувувањето на Европскиот биодиверзитет и е во полза на останатите еколошки превентиви, како што се управувањето со водените сливови и спречување на појава на диви пожари. Целта на ЕФНЦП е да се создаде одржлива економска иднина за сточарство со високи природни вредности низ Европа. ЕФНЦП мрежата е позиционирана се со цел да се овозможи директна поврзаност помеѓу локалните проекти кои вклучуваат сточарство со низок интензитет и процесот на создавање на политиките како на национално така и на Европско ниво.


Слоу Фуд Битола

Н. Николовски, с. Могила 7 000 Битола, Македонија
Тел.: +389 70 922 429
Веб страница: www.slowfood.mk/bitola
Е маил: nnikolce@t-home.mk

Слоу Фуд Битола се залага да изгради нова гастрономска култура која се базирана врз Македонската традиционална кујна, да ги заштити земјоделските производи кои се произведуваат од локалните фармери и да го пренесе знаењето на идните генерации.


Асоцијација на Слоу Фуд Конвивиуми во Бугарија

9, Pierre Degeytre Str. – 1113 – Sofia, Bulgaria
Веб страница: https://www.facebook.com/SlowFoodBulgaria
Веб страница: dessidim3010@gmail.com

Целта на асоцијацијата е да се открие, документира и обнови руралната култура и традициите поврзани со храна ширум Бугарија и да се промовираат како дел од националното наследство и како алатка за одржлив развој на локалните заедници.


Здружение на Млади за промоција на традиционалните производи “Окуси Херцеговину“ Мостар

Stari most 1, 88000 Mostar, Bosnia-Herzegovina
Тел.: +387 (0)36 554 150, 554 151
Веб страница: www.okusihercegovinu.com
Електорнска пошта: aida.kebo@okusihercegovinu.com

Окуси Херцеговину е мостарска мрежа на здруженија на производители (на сирење, мед, органско земјоделство и т.н.) и мали индивидуални производители кои играат значајна улога во промоцијата на гастрономскиот и рурален туризам, организирајќи голем број на саеми и останати активности за промоција на карактеристичните традиционални производи.


Фондација АДЕПТ Трансилванија

Ул. Principala nr. 166, Saschiz, Mures 547510, Romania
Тел.: + 40 (0)265 711635
Веб страница: www.fundatia-adept.org
Електорнска пошта: cristi@fundatia-adept.org

Романија има голем број на важни земјоделски површини со високи природни вредности кои сеуште опстојуваат во Европа. Уште од 2002 година, Фондацијата АДЕПТ соработува со фармерите, локалните заедници, универзитетите, Граѓанските организации и владата на најразлични нивоа – се со цел да се решат голем број на проблеми кои се закана за опстанокот на овие извонредни пејзажи и на малите заедници на фармери кои живеат во нив. АДЕПТ има развиено интегрирана програма која ги поврзува економските и социјалните придобивки со заштитата на биодиверзитетот и подобрувањето на капацитетот на локалната заедница за успешно управување во иднина.


Мутфак Достлари Дернеги – МДД (ФОКА)

Karaki Mumhane Cd. Karakoy Gulluoglu Binasi n. 171, Kat 5, Beyoglu, Istanbul, Turkey
Тел.: +90 2165 061 739
Веб страница: www.mutfakdostlari.org.tr
Електронска пошта: mddmutfakdostlari@gmail.com

Мутфак Достлари Дернеги – МДД, формирана во Истанбул во 1991, е една од водечките граѓански организации во Истанбул чии активности се поврзани со храна. Нејзините основачи се залагаат за промоција, заштита и поддршка на Турската уникатна кујна. Основната цел на МДД е промоција и развој на богатата гастрономска култура на земјата преку научни истражувања, но и преку организирање на семинари, панел дискусии, саеми за храна, лотарии, танцови и музички шоуа, конференции, екскурзии, натпревари, изложби и слични активности за промоција на Турската кујна во сопствената земја и надвор од неа.


Волонтерски Интернационален Сервис за Развој, ВИС Албанија

Rr. Don Bosko, Pall. Grapshi, Sek. I, Kati 4, Ap. 1, Tirana 1026, Albania
Тел.:/Факс: +355 4 2406114
Веб страница: www.volint.it, www.kelmend-shkrel.org
Електронска пошта: vis.nordalb@gmail.com, a.pierpaolo@gmail.com

ВИС Албанија е огранок на ВИС – Волонтерски Интернационален Сервис за развој, со седиште во Рим. ВИС во Албанија е присутна уште од 1995 година. Од тогаш стратегиите на ВИС се насочени кон поддршка на Албанските деца и млади и кон создавање можности за нивно згрижување, формална и неформална едукација како и стручни тренинзи. Нивните активности константно се развиваат со цел да се привлечат што е можно поголем број на корисници, на најдобар можен начин.


Асоцијација “Натура Балканика“

Ive Andrica Street 60, P.O. box 9, 18320 Dimitrovgrad, Republic of Serbia
Веб страница: www.balkanika-crd.org
Електронска пошта: naturabalkan@sezampro.rs

Натура Балканика е невладина, непартиска и непрофитна организација основана во Димитровград во 2000 година. Основните принципи на Натура Балканика се темелат врз мислењето дека зачвувањето на природата мора да се прави преку зачувување на целата мрежа на живиот свет, човекот и природата.


Удруга Киноокус

Pera Budmani 3, 20 000 Dubrovnik, Croatia
Тел.: +385 (0)20 428125
Факс: +385 (0)20 435354
Тел.: +385 (0)91 54166831/(0)95 9295764/(0)95 9718879
Веб страница: www.kinookus.com
Елктронска пошта: kinookus@gmail.com

КИНООКУС (“Кино на Вкусот“ е формирано во Јануари 2010 година) е асоцијација во која се вклучени 15 млади професионалци од аудио-визуелна, едукативна, научна, уметничка и менаџерска област, кои работат заедно на проекти кои се карактеризираат со мултидисциплинарен и холистички пристап кон најразлични прашања поврзани со земјата и храната, со новите модели на културата и општеството и вродената комплексност на човекот.