Како дел од процесот на пристапување во ЕУ, во југоисточна Европа и Турција се воведуваат штетни политики. За воведувањето на овие политики, помогна ограничениот поглед на “модерното” земјоделство, што доведува до мислење дека неколкуте тешки лекции од претходните проширувања не се научени. Иако процесот на хармонизација со ЕУ нуди можност за поддршка со различна механизација на традиционалните фармери и занаетчиските производителите, овие можности допрва треба да се активираат и ефикасно да се испорачуваат.+

Соочувањето со силните политики за многумина е ризично, особено за маргинализираните фармери од високите планински предели и останатите неповолни области. Овој проблем кој е препознат од ЕУ, станува уште поголем во југоисточна Европа и Турција, каде граѓанските организации се мали и немоќни, додека пак владите немаат традиција на конструктивна соработка со истите.

Работејќи истовремено во осум земји од регионот, анализирајќи ги политичките прашања кои влијаат врз нивното производство, работејќи паралелно со градењето на капацитетите и застапувањето на релевантното законодавство и процесите за креирање на политики, како и презентирање на вистинити примери од целиот свет кои ги илустрираат проблемите кои се однесуваат на регулативите и поддршката. ЕССЕДРА мрежата се залага за поддршка на малите фармери и нивната улога во заштитата на биодиверзитетот и промовира конкретни модели и активности за зачувување на биодиверзитетот.

Настани

ЕУ хигиенски регулативи за безбедност на храна и “слоу” производство на сирење: Принцип и пркатика; 22 Септември 2013, Куќа на Биодиверзитетот, Бра, Италија
Тркалезна маса на земјите од ЈИ Европа – Добри практики на одржливо користење на државни пасишта во земјите на Западен Балкан и Европа;  15 Април 2013, Софија, Бугарија
ЈИЕ Регионална работилница за политиките во Земјоделство со Високи Природни Вредности – Политички можности и предизвици во поглед на пристапот кон ЕУ и разгледувањето на новата ЗЗП –после 2013;  3-4 Ноември 2011, Загреб, Хрватска
Состанок за вмрежување – Земјоделство со Високи Природни Вредности во ЈИ Европа, 6-8 Декември 2010, Софија, Бугарија