Tера Mадре Балкан 2016 – „На прво место фармерите“

Делегати од 13 земји ќе земат учество на четвртото издание на Тера Мадре Балкан кое ќе се одржи од 2-5 јуни во Тирана, Албанија.

„На прво место фармерите“ е главна тема на овогодинешното издание на Тера Мадре Балкан 2016. Ќе присуствуваат 350 делегати кои ќе пристигнат од 13 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Република Македонија, Романија, Србија, Турција, Италија и Албанија).

tm_balkansПретседателот на Слоу Фуд – Карло Петрини ќе учествува на самиот настан заедно со неколку министри од владата на Албанија и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

Балканскиот регион опфаќа широк спектар на луѓе кои се занимаваат со земјоделство. Од оваа причина, оваа година темата е избрана со цел да се нагласи важноста на малите производители на храна поставувајќи ја во центарот на политичката агенда и обезбедувајќи одржлив развој во регионот.

Плоштадот на Мајка Тереза кој се наоѓа во центарот на градот, ќе биде домаќин на Пазарот на Фармерите каде што распоредени на 50 штандови, посетителите ќе имаат можност да откријат голем број на производи од заедниците на храна кои се дел од Слоу Фуд Президиумите и Арката на Вкусот кој претставува каталог на светскиот биодиверзитет.

Настанот ќе понуди серија од конференции и дебати кои ќе бидат фокусирани на мултифункционалното земјоделство, законските права на малите производители, руралниот туризам, маркетингот на занаетчиските производи земајќи ги во предвид ЕУ стандардите.

Изборот за овогодинешното издание на Тера Мадре Балкан падна во Албанија од причини што мрежата на Слоу Фуд во Албанија постојано и брзо расте. Оваа земја има 22 производи кои се регистрирани во Арката на Вкусот-каталог на загрозени производи, два Слоу Фуд Президиуми (Пермет Глико – слатко од регионот Пермет и Мишавин – сирење направено од овчари номади од гордниот дел на Келменди на Алпите во Албанија), пет конвивиуми на Слоу Фуд и неколку стотици поддржувачи. Покрај тоа, Слоу Фуд Алијансата на готвачи беше основана во мај 2015 во Албанија.

Настанот е организиран од страна на ВИС Албанија и Слоу Фуд во Албанија со поддршка од Слоу Фуд, Министерството за земјоделство во Албанија, Министерството за економски развој и туризам, трговија и претприемништво и Општина Тирана. Овие настан ќе биде организиран во соработка со Универзитетот за земјоделство во Тирана како и со поддршка од Агенцијата за меѓународна соработка во Италија.

Тера Мадре Балкан исто така ќе биде можност да се претстават престојните активности за Тера Мадре Салон дел Густо кој ќе се одржи од 22-26 септември, 2016, во Торино, Италија. Тера Мадре Салон дел Густо е еден од најважните настани посветени на занаетчиството и малите производители на храна и кој служи како еден меѓународен форум за размена. Последното издание кое се одржа во Торино во октомври 2014 година привлече 220 000 посетители од околу 60 земји, со над 3 000 делегати од околу 160 земји, и опремен маркет со 1 200 изложувачи на производи од 100 земји, вклучувајќи 300 Слоу Фуд Президиуми, производители и 400 заедници за храна на Тера Мадре.

Оваа година површина од околу 100 метри квадратни ќе биде целосно посветена на Балканот, каде повеќе од 50 заедници на храна и Слоу Фуд Президиуми ќе ги изложат и ќе ги продаваат нивните производи.

После три изданија во Софија (2010, 2012) и Дубровник (2014), мрежата на Тера Мадре Балкан ја избра Тирана за ова четврто издание. Тера Мадре Балкан е првата мрежа од овој вид кој ги обединува заедниците за храна од неколку земји во ист регион. Слоу Фуд и Тера Мадре формираа длабоко-вкоренета мрежа во регионот со неколку илјади поддржувачи, 24 Слоу Фуд Президиуми, 100 заедници за храна, 50 готвачи, 15 едукативни програми за нутриција и дегустација во училиштата и околу 280 производи од Балканот кои се наоѓаат на листата од каталогот на Арката на Вкусот на Слоу Фуд.

Четвртото издание на Тера Мадре Балкан е организирано во рамките на проектот на ЕССЕДРА, кофинансиран од Европската Унија преку Генералниот директорат а промовирано од страна на Слоу Фуд со цел подршка на процесите на Европската интеграција за земјите на Балканот и Европа преку зајакнување на граѓанското општество и нивните капацитети со цел да влијаат на политиката и промоцијата на одржливите модели за руралниот развој.

За повеќе информации и интервјуа ве молиме контактирајте ги:

Slow Food International Press Office
Paola Nano, +39 329 8321285, p.nano@slowfood.it, internationalpress@slowfood.it

Slow Food Area Coordinator for the Balkans
Michele Rumiz, +39 0172 419 746, m.rumiz@slowfood.it

Event Coordinator and leader of VIS Albania
PierPaolo Ambrosi, +355 68 205 6693
vistirana@albaniaonline.net, a.pierpaolo@gmail.com

Слоу Фуд вклучува повеќе од еден милион луѓе кои се посветени и пристрасни за добра, чиста и правична храна. Вклучува готвачи, млади, активисти, земјоделци, рибари, експерти и научници од околу 160 земји; мрежа со околу 100 000 членови кои се поврзани во 1 500 конвивуми, придонесувајќи преку нивното членство како за настани така и за кампањи кои ги организираат; и околу 2 400 Тера Мадре заедници за храна кои го практикуваат малото и одржливо производство на квалитетна храна низ целиот свет.